|
Добредојдовте во Био Технологиа, авторизиран и ексклузивен претставник на банката CryoGenomics Ѕ.А. Co наша помош имате можност да изберете сертифицирана постапка за
чување на матичните клетки, бидејќи овие клетки се драгоцени!
He станува збор за едноставна постапка за чување клетки туку за уникатна
можност која може да спаси животи.
|
|
ПОВЕЌЕ...
|
|
Био Технологиа, како овластено и ексклузивно претставништво на банката
CryoGenomics Ѕ.А. за Македонија, претставува соодветна и сигурна животна
врска за идните родители и новороденчето. За Био Технологиа матичните клетки
не претставуваат само деловна активност туку и огромно биолошко богатство
кое спасува животи. Ние сфаќаме дека како родители сакате да му подарите на
своето бебе најдобар можен старт во животот и природно дека ќе имате потреба
од многу прашања и совети во текот на процедурата. Нашиот обучен персонал
секогаш ви е достапен за комплетно да го разберете потенцијалот на оваа
уникатна можност која ви се нуди вам и на вашето семејство.
|
|
|
Ние во Био Технологиа сметаме дека сме обврзани директно и одговорно да
ги информираме родителите за природата и важноста на матичните клетки,
за предностите од нивното зачувување, категориите на луѓе кај кои е особено
препорачливо да се зачуваат овие клетки, реалните можности за тераписката
примена на матичните клетки, како и карактеристиките на зачуваните матични
клетки на нивното новороденче. Исто така, доколку примерокот на матични
клетки е неадекватен и со низок квалитет, Био Технологиа е должна да го достави
до родителите соодветниот медицински извештај.
|
|
|